Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пред протестот средношколците на состанок со Комисијата за заразни болести

Пред протестот средношколците на состанок со Комисијата за заразни болести

Откако се заканија со протест против онлјан насатавата, утрово, на состанокот на Комисијата за заразни болести, присуствуваа и претставници од Сојузот на средношколци. Од Министерството за здравство информираат дека на претставниците на средношколците им биле презентирани извештаите со деталната состојба од ковид-19 во земјата.


Нема конкретен исход од средбата, а средношколците допрва ќе го кажат ставот - на состанокот се зборувало за имплементација на пртоколите за кои КОмисијата смета дека треба да се спроведуваат етапно. 

„Министерот за здравство Венко Филипче пред средношколците го објаснуваше процесот на воведување и попуштање на рестриктивните мерки согласно епидемиолошката состојба. Тој информираше дека сите мерки за превенција донесени врз основа на стручните анализи и препораки на Комисијата во интерес на заштитата на здравјето на децата и родителите, стои во соопштението.


На состанокот двете страни се заложлеа да продолжат со интензивна комуникација, со цел добра организација и имплементација на мерките за спроведувањето на наставата во претстојната учебна година. 

Протестот е закажан за 31 август.

Слично

Поврзани вести