Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕД НАС СЕ ЗНАЧИТЕЛНО ТОПЛИ И СТАБИЛНИ ДЕНОВИ: Еве какво ќе биде времето до 15 август

ПРЕД НАС СЕ ЗНАЧИТЕЛНО ТОПЛИ И СТАБИЛНИ ДЕНОВИ: Еве какво ќе биде времето до 15 август

Под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ, односно од Африка, од денес па се до следниот петок (15 август) времето во нашата Република Македонија ќе биде стабилно, суво, сончево и топло со појава на мала локална облачност. Повремено ќе засилува ветер од источен и од североисточен правец, вели метеорологот Славчо Попоски.

„Во Скопје  и околината во погоре споменатиот период исто така ќе имаме стабилно, суво, сончево и топло време со појава на мала локална облачност. Повремено ќе засилува ветер претежно од источен и од североисточен правец. Поради влијанието на споменатата топла воздушна маса од југ, односно од Африка, температурите ќе бележат тенденција на значителен пораст.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени, во Скопје  и околината максималната температура на воздухот ќе се искачува до околу 36/37 степени.Пред нас се значителни топли и повторно стабилни и суви денови, тоа значи дека  и понатаму ќе уживаме во летото и во летните температури, но без некои екстремни горештини“, објави тој.


Слично

Поврзани вести