ПРЕД НАС ПРЕКРАСЕН ВИКЕНД, СОНЧЕВО И ПРИЈАТНО ТОПЛО - нови врнежи не очекуваат од вторник
Денеска не очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Во јужните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на ретки грмежи, објави Управата за хидрометеоролошки работи.
Во текот на денот се очекува и умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Во Скопје, променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Температурите ќе се движат од 7 до 12 во утринските часови, додека во текот на денот ќе се искачат и над 20 степени Целзиусови.
Слично време, идеално за прошетки не очекува и во текот на викендот.
За време на викендов времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Утре и во сабота ќе дува умерен со засилен северен ветер и ќе има појава на локален дожд со услови за ретки грмежи.
Од вторник повторно времето ќе биде нестабилно со врнежи од дожд и појава на грмежи.
Слично
