ПРЕД НАС Е СТУДЕНА НЕДЕЛА: Температури до 10 степени, еве ги деталите
Метеорологот Славчо Попоски со најнова метео анализа за времето во земјава.
„ Нов влажен бран кој ќе донесе врнежи од дожд и од снег, особено на планинските места во Македонија ќе има во текот на вечерва ноќ, како и во вторник, и тогаш повторно врнежите локално ќе бидат обилни.
Во текот на новата седмица повторно наутро на повеќе места температурите ќе се спуштаат под нулата, а максималните температури ќе се искачуваат во интервалот само од 2 до 10 степени во најтоплите предели од Македонија, што значи дека пред нас е релативно студена седмица.
И во Скопје и околината очекуваме слично време, со нови врнежи од дожд и снег на околните планини во вторник.“ објави Попоски.
Слично
