Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕД МНОГУ ГОДИНИ СУДСКИ БАРАЛА К15, СЕГА Е ЖРТВА НА МОБИНГ - вработена во ЈСП преживува вистинска голгота

ПРЕД МНОГУ ГОДИНИ СУДСКИ БАРАЛА К15, СЕГА Е ЖРТВА НА МОБИНГ - вработена во ЈСП преживува вистинска голгота

Ги побарала своите права по судски пат, а потоа била деградирана на пониска работна позиција. Елизабета Тошевска, која веќе 35 години работи во ЈСП Скопје, тврди дека е уште една жртва на мобинг.

Ова се наведува во сторијта што денеска ја објави телевизија Сител.

„Јас сум деградирана, понижена, повредена од моите структури во моментов. За што се работи? Во 2007 година на идеја на Независниот синдикат на ЈСП организиравме тужби за К-15, односно регрес за годишен одмор што ни следува. Бевме педесетина луѓе, од кои останавме само 18 од причина што ни се закануваа поединечно, нè викаа во канцеларија и ни велеа откажи се“, вели Елизабета Тошевска, вработена во ЈСП Скопје.

Но, Тошевска не се откажала и во октомври 2019 година го добила судскиот спор. Пресудено е дека ЈСП треба да и исплати регрес за годишен одмор за 4 години наназад.

„Откога ги добивам парите, нормално со извршител, нема доброволно да ми даде никој пари, значи ги добивам моите пари, се случуваат икс работи. Значи, почнува мојата голгота. Почнуваат притисоци врз мене, атак врз мене. Пред сè, здравјето ми го нарушија комплетно, останувам 4 месеци на психијатриско боледување. Значи, кој и да е, од камен да е, ќе попушти на такви притисоци. Што се случува? Ме деградираат од работното место, ми ја намалуваат платата, ме ставаат неколку скалила подолу, што сметам дека не заслужувам после толку годишно искуство”, вели Елизабета Тошевска, вработена во ЈСП Скопје.

Слично

Поврзани вести