Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пред крај вакцинирањето на вработени во критичната инфраструктура, од утре вакцини по возрасни групи

Пред крај вакцинирањето на вработени во критичната инфраструктура, од утре вакцини по возрасни групи

Денеска според најавата на првиот човек на здравството ќе заврши вакцинирањето на вработените во критичната инфраструктура, додека од утре со околу 20 000 вакцини ќе се вакцинираат граѓани по возрасни групи.

Засега, според официјални информации се вакцинира околу 26 000 граѓани, додека расте и интересот.

Деновиве се очекува во земјава да пристигне и пратката на вакцини донација од Обединетите Арапски Емирати кои се стигнати на софискиот аеродром.

Министерот Филипче ги повика граѓаните да се пријават за вакцинација преку сајтот за да оди полесно регрутирањето.


Слично

Поврзани вести