Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Пред камера класичен стил, зад неа спортски - фармерки, патики и неизоставен детаљ - марамата“: Интервју со „мадам метео“ - Анкица Јосифовска Ангелковска

„Пред камера класичен стил, зад неа спортски - фармерки, патики и неизоставен детаљ - марамата“: Интервју со „мадам метео“ - Анкица Јосифовска Ангелковска

Ведра, позитивна и со специфичен глас секојдневно ја гледаме на телевизиските екрани кога треба да слушнеме какво време ќе нè очекува во тековните денови.

Анкица Јосифовска Ангелковска е дел од метео тимот на Телевизија Сител која сосема случајно се нашла во овој проект и кој веднаш го засакала. Верува во тоа дека се што се случува е со причина, па така и за тоа што е дел од Мето на Сител.

Иако новинарството и титлувањето е нејзината прва љубов, тоа што денес е презентер на метео вестите е комфорна зона која не би ја менувала со ништо.

Растена е во Париз, како тинејџерка, но и подоцна за време на студентските денови. Францускиот јазик го говори како нејзин втор мајчин, а растењето во две различни култури само го надградиле нејзиниот карактер и личност.

Анкица за Женски магазин искрено зборуваше за нејзината кариера, детство, тинејџерски години поминати во Париз, за женската убавина, специфичноста на Французинките, но и за тоа дека во моментов ужива во уште една животна улога, како баба на Анисија.

Во продолжение прочитајте за животната приказна на метеологот на Женски магазин.

Слично

Поврзани вести