Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ПРЕД ДЕСЕТИНА ДЕНА КОВАЧЕВСКИ СЕ ГОРДЕЕШЕ СО САШКО, КАДЕ Е СЕГА ДА РЕАГИРА“: Граѓаните го повикуваат директно премиерот

„ПРЕД ДЕСЕТИНА ДЕНА КОВАЧЕВСКИ СЕ ГОРДЕЕШЕ СО САШКО, КАДЕ Е СЕГА ДА РЕАГИРА“: Граѓаните го повикуваат директно премиерот

Социјалните мрежи се вжештија по објавата дека првиот човек на Државна кардиохирургија, проф. Сашко Јовев е разрешен од страна на министерот за здрвство, Фатмир Меџити. Јавноста не се смирува, посебно поради тоа што проф. Јовев од страна на министерот е окарактеризиран како лекар кој ништо не сработел.

Граѓаните револтирано пишуваат обраќајќи се и до премиерот Димитар Ковачевски:

-Пред десетина дена Ковачевски се гордееше со Сашко, каде е сега да реагира.

- Црно ни се пишува се додека овие наши абдали молчат.

-Уште колку ќе толерираме вакви неранимајковци

-Ова е најголемиот страм за македонското труло Здравство

-Жално! Најдобриот доктор, со бесценето знање, огромно искуство, култура,... коректен, процедурален, со интегритет. Штета за нас, пациентите.

Ова се само дел од стотиците коментари кои ги зовреа социјалните мрежи.


Слично

Поврзани вести