Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пред да заминете во Германија една работа мора да се исполни

Пред да заминете во Германија една работа мора да се исполни

Во Германија се бараат 35.000 негуватели, а оние граѓани од Западен Балкан кои имаат соодветни квалификации и сакаат да заминат мора да внимаваат на една работа. 

Диетмар Бандке, советник за медицински лица вели дека прво мора да се научи германскиот јазик. 

Објаснува дека освен стручност, тоа е многу важно за работа и интеграција. 

„Животот во Германија е различен, секој е препуштен сам на себе, а без познавање на германскиот јазик, тоа не е можно“- вели тој. 

Раскажува дека познавањето на јазик ги намалило непријатните ситуации и измами. 

„Не смееме да заборавиме дека се во прашање човечки животи кои не можат да се надоместат ако се случи грешка“ - рече советникот. 

Додава дека многу луѓе мислат дека е доволно само да дојдат во Германија, но потоа настануваат проблемите. 

Бандке вели дека целиот процес и учењето на јазикот мора сериозно да се сфати. 

Открива дека во Германија има голем интерес за стручни кадри. 

Објаснува дека Германија е „стара држава“ и има многу лош наталитет. 

Слично

Поврзани вести