Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пред да ве фати фудбалска треска за Супер купот информирајте се за посебниот сообраќаен режим

Пред да ве фати фудбалска треска за Супер купот информирајте се за посебниот сообраќаен режим

Од денес започнуваат последните подготовки за одржување на Супер купот на УЕФА меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, па поради безбедни мерки ќе има воведување на посебен сообраќаен режим. 

Министерството за внатрешни работи соопшти дека од денес во 08 часот па се до завршување на натпреварот, односно до 9 август на потегот од крстосниците на улиците „Аминта Трети“ (поранешна „Ленинова“) и „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ ќе се пропуштаат исклучиво лица и возила кои имаат соодветна акредитација од организаторот на мечот, УЕФА.

На денот на натпреварот, во зависност од интензитетот на сообраќајот, не е исклучена можноста од затворање за сообраќај и на булеварот „Илинден“ на потегот од објектот на Владата на РМ до крстосницата со улицата „Рузвелтова“.

ЈСП исто така воведе промена на возниот ред на линиите со број 25, 28, 60 и City Tour кој ќе важи на осми и девети август. Станува збор за линии кои се наменети за Водно, етно Македонско село и Матка, како едни од најубавите туристички места во Скопје, па проверете го возниот ред на следниот линк.

Слично

Поврзани вести