Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пред да дочека смена Чавков се повлече од БЈБ-ќе се пензионирал

Пред да дочека смена Чавков се повлече од БЈБ-ќе се пензионирал

Директорот на Бирото за јавна безбедност се спакувал и заминал од канцеларијата во МВР пренесоа дел од медиумите.

Зошто Митко Чавков не ја чекаше до крај постапката за разрешување туку сам се повлече не е познато.

Како што пишува Алсат повикувајќи се на сигурни извори, Чавков земал годишен одмор, а во меѓувреме побарал да му се прекине договорот за работа, кој му завршувал кон крајот на јули со можност за продолжување на уште една година.

Чавков поднел барање за пензионирање.

„Митко Чавков поднесе официјално барање за пензионирање. Тој исполнува услови за заминување во пензија, бидејќи е со бенифициран работен стаж. Барањето на Чавков за заминување во пензија веќе е во процедура”, потврдиле пак за САКАМДАКАЖАМ.МК високи извори од Министерството за внатрешни работи.

Извори од полицијата велат дека Чавков го поднел барањето за пензионирање најверојатно за да не дочека да биде сменет од новата влада.

Актуелниот министер на МВР Ахим Хухиу поднесе предлог за разрешување на Чавков по собраниските инциденти со образложение дека ненавремено реагирал управувајќи со оперативниот штаб .

Слично

Поврзани вести