Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пред четири години усмрти три лица во сообраќајка, меѓу кои и бремена жена, сега доби 10 години казна затвор

Пред четири години усмрти три лица во сообраќајка, меѓу кои и бремена жена, сега доби 10 години казна затвор

Апелацијата во Штип му изрече конечна казна од 10 години затвор на велешанецот Петре Ѓорев (46), кој пијан пред 4 години предизвика тешка сообраќајна несреќа во која загинаа три лица, меѓу кои и бремена жена.

Пресуадара следува по поднесена жалба од обвинетиот, кој во моментот на сообраќајката бил под толкаво дејство на алокохол што не успеал ниту да закочи кога влегов во спротивната лента на 1-ви јули 2017-та година, на магистралниот пат Велес – Штип.

Тој во несреќата со автомобил „голф 4“ со велешки регистарски таблици директно удри во автомобил „голф“’ со кумановски регистарски таблици. Во несреќата животот го загубија три лица, С.С. (45) и Б.С. (55) од Крива Паланка, како и Д.Ј. (32) од Велес која според објавената пресуда во тој период била и бремена. Тригодишното девојче од истиот автомобил беше тешко повредено. Тешки повреди имаше и осудениот Ѓорев.

Ѓорев во моментот на несреќата имал 1,30 промили алкохол во крвта, а возел со 82 километри на час.

Слично

Поврзани вести