Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пред американската амбасада сомнително возило, дали е најден експлозив?

Пред американската амбасада сомнително возило, дали е најден експлозив?

Откако пред Американската амбасада во Скопје е забележано паркирано сомнително возило „застава пикап“, нивните безбедносни служби го провериле возилото и утврдиле дека има траги од експлозив. 

Амбасадата потоа ги засили безбедносните мерки околу објектот. Од амбасадата синоќа преку социјалните мрежи информираше дека телефонските линии се надвор од употреба и во итни случаи, граѓаните на САД во Македонија да го контактираат американскиот Стејт департмент.


„Телефонските линии на амбасадата во моментот не се функционални. Доколку ви е итно и имате потреба од помош, контактирајте го оперативниот центар на американскиот Стејт департмент на +1-202-647-1512“- беше објавено вчера.

Припадници на единицата за антитероризам  во возилото не нашле експлозив. Возилото е однесено на натамошно тестирање.

Повеќе информации се очекуваат од полицијата  и од Амбасадата на САД.




Слично

Поврзани вести