„ПРЕД 15 ГОДИНИ ЗБОРУВАВМЕ ЗА КОМПЈУТЕР ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ, СЕГА ЗА УЧЕБНИЦИ“: Мицкоски најави дека децата ќе учат за Вештачката интелигенција
Можеби за првпат по седум години, учениците на првиот училишен ден ќе ги имаат учебниците пред себе, нешто што е многу важно и нешто што за жал, изостануваше, рече премиерот Христијан Мицкоски пред учениците и родителите во училиштето Кирил Пејчиновиќ во Кисела Вода.
„Ја користам оваа прилика да им се извинам на родителите, зошто пред 15 години зборувавме за компјутер за секое дете, а денеска еве, зборуваме за учебник за секо дете, но ви ветувам дека преку Вештачката интелигенција, со која ќе се запознаат нашите дечиња, ќе можеме да зборуваме за иднината и предизвиците кои ни ги носи иднината“, рече Мицкоски.
Тој вели дека за првпат после седум години, учениците ќе ги имаат пред себе и учебниците по странски јазици.
„И се заблагодарувам на министерката за сето тоа кое го направи изминатите 15 месеци, за да можеме денеска да зборуваме за она што го зборуваме, бидејќи знам колку часови состаноци сме имале поминати во организација за до можеме денеска да го постигнеме ова и знам уште колку многу часови состаноци за организација ни се потребни за да го достигнеме нивото кон кое стремиме и кое е потребно за нашите најмили“, посочи Мицкоски.
