Пребрзото возење на скопските улици „казни“ 120 возачи
Секојдневно се пишуваат санкции а возачите не внимаваат на брзината со која возат низ главниот град.
Токму брзото возење изминатото деноноќие беше причина МВР да подели 120 санкции за возачите.
Полицискиот билтен регистрира и возачи кои зборуваат на мобиле додека возат а такви случаи имало кај 13 возачи.
Црвеното светло на семафорот го поминале осум возач а двајца не им дале предност на пешаците.
11 сообраќајни незгодини регистрирале полицајците од кои две со тешки телесни повреди се здобиле четири лица, а во пет со лесни телесни повреди биле осум лица.
Без право на управување возило од сообраќај се исклучени 14 возачи.
Пајак службите „кренале“ 70 возила.
Слично
