ПРЕБРЗО СЕ ВОЗИ: Над 200 возачи викендов „летале“ на скопските улици
Голем дел од возачите се уште не ги почитуваат правилата за сообраќај.
МВР само за викендов санкционирала вкупно 200 возачи поради пребрзо возење.
27 лица се здобиле со повреди од вкупно 15 сообраќајки кои се регистрирани на скопските улици.
Се вози и под дејство на алкохол а МВР санкционирала 82 возачи кои возеле под дејство на алкохол.
МВР од сообраќај исклучила и 68 возачи бидејќи немале право да управуваат со моторно возило.
59 возачи возеле со итечена возачка дозвола а на црвено според билтенот на МВР поминале 11 возачи.
Казна за непрописно паркирање добиле над 200 возачи а пајкот кранал 110 возила.
Слично
