Економија, финансии, бизнис

Контакт

Празнувањето заврши - пратениците продолжуваат со работа

Празнувањето заврши - пратениците продолжуваат со работа

Собранието денеска во 11 часот ќе го одржи продолжението на конститутивната седница на која ќе се расправа за изборот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

СДСМ најавува дека новото парламентарно мнозинство ќе избере нов претседател на Собранието и нова влада, според Деловникот и Уставвот на Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека нова влада не може да има сѐ додека не се отфрли Тиранската платформа и граѓаните да решат за новата власт на нови избори.

Раководството на ДУИ и натаму ја разгледува можноста од оставки на сите нивни министри и државни функционери.

Шефот на државата,  Ѓорге Иванов не отстапува од ставот дека нема да го додели мандатот ако СДСМ не се откаже и отфрли платформата на ДУИ, Алијансата за Албанците и БЕСА. 

Инаку, ова е 13-то продолжение на седницата. 

Слично

Поврзани вести