ПРАЗНИЧНО ПОСКАПУВАЊЕ: Посен Велигден со мрсни цени
Како пред Божиќ така и пред Велигден пpазарџиите ги набилдаа цените, наместо обратно. Граѓаните се жалат, цените повторно до плафон.
Раст на цената овие денови е забележана на јајцата зошто токму тие се најактуелани за Велигден, но поскапено е и месото.
Практика стана да се поскауваат одредени намирници во пресрет на празниците, а на пазар состојбата е ваква:
За табла јајца се плаќа од 150 до 180 денари , додека јагнешкото месо ќе го платите околу 350 ден/кг.
Зеленчукот исто така е во ек на сезоната кога е најскап па така за килограм домати се плаќаат од 80 до 100 денари и марула од 20 до 40 денари.
И покрај цените, граѓаните ќе си дозволат да имаат полна трпеза и да ги пречекаат достојно гостите. Многумина велат дека цените се во ред, но дека платите и стандардот се ниски.
Слично
