Економија, финансии, бизнис

Контакт

Празнична пауза и за вакцини и за ревакцини: Имунизацијата продолжува после Велигден

Празнична пауза и за вакцини и за ревакцини: Имунизацијата продолжува после Велигден

За време на празниците кои следуваат Велигден и први мај нема да тече редовната вакцинација. Во деновите од петок до понеделник ќе има пауза, а реавкцините кои треба да се примат тие денови ќе се пролонгираат за после празниците, рече д-р Жаклина Чагороска од „Мој термин“ во телевизиско гостување синоќа.

„Ќе има пауза овие денови, од петок до понеделник бидејќи во тек е сега ревакцинацијата со Спутник V. Во консултација со пациентите пред се, бидејќи станува збор за верски празник кој се поклопува и со празникот први мај“, истакна Чагороска.

Таа вели дека оваа одлука се прави во консултација со граѓаните кои побарале ревакцинирањето да не биде во текот на празниците.

Таа им порача на граѓаните да не се плашат од вакцината и пред вакцинирањето да прашаат за сите дилеми околу секоја вакцина. 

Досега околу 192 илајди се пријавени за вакцинација. Заклучно со четврток нешто повеќе од 47.000 лица се вакцинирани.  


Слично

Поврзани вести