Празни столчињата на пратениците од ВМРО ДПМНЕ на расправата за одземање имунитет на пратениците
Собранието само што ја започна расправата за симнување на имунитетот на пратениците од ВМРО ДПМНЕ кои се во притвор поради насилните инциденти од 27 април.
Како што може да се забележи а и како што соопштија од партијата на Никола Груевски, пратениците од ВМРО ДПМНЕ не се во салата за седници.
Тие ќе ја бојкотираат оваа седница бидејќи како што велат ова е политичка фарса, чија единствена цел е реваншизам, сеење омраза и уништување на сите оние кои што мислат различно.
Фото: Илустрација
Слично
