Празни столчиња, ДИК доцни, јавноста чека
Веќе два часа доцни седницата на Државната изборна комисија која синоќешната седница ја прекина поради безбедносни причини, и ја презакажа за денеска во 11 часот.
Сепак, столчињата каде седат членовите кои треба да му пресудат и на последниоит приговор на опозициската СДСМ се уште се празни.
Јавноста со вперени очи ја исчекува седницата . Засега нема информации зошто толку се пролонгира , а истото се случи и вчера кога седницата наместо во 12 почна во 14.30 часот.
Да постсетиме дека Државната изборна комисија досега прифати само еден приговор на движењето Беса, и неизвесно е дали ќе има прегласување на едно избирачко место во шестата изборна единица.
На СДСМ и досега и беа отфрлени пет приговори, а откако партијата на Заев повлече два од вкупно осум, остана само уште еден.
Последниот збор ќе го има Управниот суд доколку партиите одлучат да ги обжалат одлуките на ДИК.
Доколку сакате да ја следите седницата на ДИК ќе имаме линк во живо.
