Правосудниот испит наскоро ќе може да се полага и на албански јазик, вели Сали
Владата на Република Македонија во рок од една недела се очекува да ја претстави конечната одлука која ќе овозможи полагање на правосудниот испит и на албански јазик.
Заменик-премиерот Беким Сали изјави дека ова е дел од поширок пакет мерки за слични прашања.
„Во завршна фаза сме на консултации со експерти и верувам дека многу скоро, можеби… сега не сакам да се фаќате за временската рамка, можеби и една недела може да трае до конечната одлука која ќе ја промовираме на ист начин, верувам“, рече Сали.
Тој додаде дека пакетот не се однесува само на правосудниот испит, туку ќе опфати и други слични теми поврзани со полагањето на испити на мајчин јазик.
Слично
