Економија, финансии, бизнис

Контакт

Православните ја слават Мала Богородица

Православните ја слават Мала Богородица

Православните христијани во Македонија денеска го слават раѓањето на Пресвета Богородица, или Мала Богородица, празник на мајката на сите мајки.

Ова е еден од големите празници на светата Православна црква, кој иако се смета за почеток на сите празници, сепак, почнал да се празнува многу подоцна.

Во сите храмови се служи утрена и света литургија. Верниците доаѓаат да запалат свеќа за здравје и бериќет за себе и своите најблиски. 

Откако ослабнало паганството, христијаните, покрај на Исус Христос, можеле да и оддадат заслужено признание и на неговата мајка.

Народот верува дека Пресвета Богородица е заштитничка на мајките воопшто и на леунките посебно, поради што жените кои раѓаат ја повикуваат да им помогне полесно да се породат. Исто така, се верува дека таа им помага и на жените што немаат деца. Затоа ваквите жени оделе во црквите посветени на Богородица и се молеле пред нејзините икони.

На Мала Богородица, исто така, се одржуваат големи народни собири во повеќе манастири што го носат нејзиното име како што е манастирот Пречиста кај Кичево, манастирот во село Матејче, во Осоговскиот манастир и на други места. 



Слично

Поврзани вести