Економија, финансии, бизнис

Контакт

Православните ја празнуваат Голема Богородица

Православните ја празнуваат Голема Богородица

Денеска се празнува Пресвета Богородица. Таа била почитувана не само од христијаните туку и од муслиманите. Кон неа сите упатувале молитви за исцелување, здравје и бериќет. Со свечена литургија, молитва и свеќа за здравје и бериќет, православните христијани денеска го одбележуваат големиот празник Успение на Пресвета Богородица или попознат кај народот како Голема Богородица.

Народот верува дека Богородица е заштитничка и на леунките и на жените им помага при породувањето. Исто така и жените што немаат деца веруваат дека со милоста на Пресвета Богородица ќе добијат рожба поради што ги посетуваат нејзините цркви, изведуваат некои обичаи, се молат и принесуваат дарови.

Денеска е неработен ден за православните верници. 

Слично

Поврзани вести