Правната служба на ВМРО-ДПМНЕ подготвува предлог закон за амнестија
Правната служба на ВМРО-ДПМНЕ подготвува предлог закон за амнестија кој се однесува исклучиво на осомничените лица во настаните од 27 април, информираат од партијата. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека оваа е посебен закон и нема никава врска со измените на Законот за амнестија што ги предлага Владата.
Предлогот ќе биде краток и јасен. ВМРО-ДПМНЕ проценува дека само амнестија ќе создаде услови за национален мир во Македонија.
Законот за амнестија прв го најави поранешниот лидер на партијата Никола Груевски, непосредно пред заминувањето од функцијата.
Слично
