Економија, финансии, бизнис

Контакт

Прави ли концесионерот злоупотреби: Рибарите од Охрид добиваат пари на рака без договори?

Прави ли концесионерот злоупотреби: Рибарите од Охрид добиваат пари на рака без договори?

Се прават ли злоупотреби од страна на концесионерот на Охридското езеро ќе утврдуваат надлежните.

Ова следи по низата обвинувања од страна на рибарите кои тврдат дека добиваат пари на рака и истиот работи противзаконски.

-Немаме договори за работа, а рибите ни ги откупува по најниска цена. Но тоа не е се , на многумина од нив им должи огромни суми на пари кои не сака да им ги исплати. Обвинуваат и дека самиот незаконски си поставил подконцеионер кој му ги врши ,,валканите работи”, велат рибари за 24вести.

Како што соопштија дел од медиумите, Министерството за земјоделие ќе ја проверува работата на концесионерот Милорад Чавковски, кој пак од друга страна ги демантира рибарите дека работи незаконски.

Извештајот на инспекторатот треба да биде завршен до крајот на неделава па ќе се знае кој е во право и ја кажува вистината.

Слично

Поврзани вести