„ПРАВЕВМЕ, ПРАВИМЕ И ЌЕ ПРАВИМЕ СЕ ЗА ДА СЕ УБЛАЖИ БОЛКАТА“: Мицкоски не одговори конкретно дали ќе се даде еднократна парична помош на семејствата на настраданите од Кочани
Премиерот Христијан Мицкоски не даде конкретен одговор на прашањето дали Владата ќе им даде еднократна парична помош на семејствата на настраданите од Кочани, по примерот на помошта за семејствата на настраданите од пожарот во модуларната болница во Тетово.
„Немам никаква дилема дека ние како Влада правевме, правиме и ќе правиме се што е потребно за да се помогне, да се ублажи болката која е неизмерна, голема“, рече Мицкоски.
Во однос на барањето за анкетната комисија, вели дека наскоро ќе се слушнат информациите што се случило, на судењето.
„За поддршката на анкетната комисија, тоа прашање треба да го псотавите на пратениците. Ваков тип на соочување со јавноста ќе биде многу скоро кога ќе почне судењето. Таму ќе слушнете се што се случило“, посочи Мицкоски.
