Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРАВЕЛЕ „ЏУМБУС“, ГЊАВЕЛЕ ПОЛИЦАЈЦИ И НА КРАЈ САКАЛЕ ДА ГИ ТЕПААТ - еве што се случувало после полноќ во скопски Аеродром

ПРАВЕЛЕ „ЏУМБУС“, ГЊАВЕЛЕ ПОЛИЦАЈЦИ И НА КРАЈ САКАЛЕ ДА ГИ ТЕПААТ - еве што се случувало после полноќ во скопски Аеродром

МВР извести за следниов настан.

„Денеска (20.10.) во 01.10 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги привеле лицата М.Ј. (55), С.Ј. (51), М.С. (52) и М.Ј. (29) сите од Скопје и Б.Ј. (19) од село Петровец, скопско, поради тоа што во 01.00 часот на подрачјето на општина Аеродром го нарушиле јавниот ред и мир и агресивно се однесувале кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија, додека лицето М.Ј. (55) и физички нападнал полициски службеник. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци“, се вели во соопштението од Полицијата.

Слично

Поврзани вести