Правел свадба во време на пандемија, за што „заработи“ кривична
Кривична пријава доби свекорот кој си го женеше синот среде пандемија.
Велешката полиција поднесе кривична пријава против Р. Д. (41) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
На 8 мај во периодот од 12:30 до 17:30 часот, пријавениот и покрај прописите донесени со Одлука на Влада, организирал свадба во дворот од куќата, каде биле присутни повеќе лица.
Сватовите се веселеа за време на полициски час.
Фотографии и видеа од настанот се појавија на социјалните мрежи.
Слично
