Правда за Емел и Велија Рамковски-Судот во Стразбур пресуди во нивна корист
Судот за човекови права во Стразбур пресуди во полза на Велија Рамковски и неговата ќерка Емел, кои поднесоа тужба за ревидирање на постапката по која тие биле притворени во случајот „Пајажина“. Имало недоследности и во должината на траење на притворот.
Спред нивниот адвокат, Филип Медарски, судот утврдил необјективност во донесување на одлуката за притвор од страна на македонските судии, бидејќи не изнеле конкретни аргументи по ните една од трите наведени точки: опасност од бегство, повторување на делото, или влијание врз сведоци кои можат да бидат причини за определување на мерка притвор.
Пресудено е во нивна корист и државата треба да им даде по 780 евра на двајцата.
Слично
