„Ѕверките“ нема да паркираат пред министерство за правда
Пред влезот на Министерство за правда повеќе нема да може да се паркираат ниту службени ниту приватни возила. Граѓаните на социјалните мрежи го истакнаа својот револт што пред министерството често се паркираа автомобили на самиот тротоар со што се попречуваше движењето на пешаците.
Затоа први со интервенција се јавија од град Скопје со поставување на столбчиња пред влезот на Правда, со што ќе биде попречено да се паркира автомобил.
„На барање на граѓаните денес започнавме да поставуваме столпчиња пред Министерство за правда. Идната недела ќе го оградиме и остатокот од тротоарот на овој потег во центарот на Скопје“ соопштија од град Скопје.

Слично
