Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРАТИЛА И ПИСМО: Катица после аферата Рекет од затвор даде оставка

ПРАТИЛА И ПИСМО: Катица после аферата Рекет од затвор даде оставка

Специјалната обвинителка Катица Јанева од затвор испратил писмо до Советот на државни обвинители дека ја активирала оставката.

Сепак ниту во Советот на јавни обвинители ниту во СЈО не добиле писмо од Јанева за активирање на оставката која ја поднесе на 15 јули, а од Кривичниот суд „Скопје“ ниту потврдиле ниту демантирале дека добиле такво писмо.

Претседателот на Советот на јавни обвинители Ацо Колев рекол дека до крајот на работниот ден , во 15.30 часот, не е добиен никаков допис од Јанева, но дека е можно да стигне во тек на денешниот ден.

Тој совет на 29 август почна постапка за разрешување на Јанева , која е уапсена поради аферата Рекет, а вчера надлежниот парламентарен одбор предложи пратениците на пленарна седница да ја разрешат Јанева „поради незаконска и несовесна работа“.

Јанева на 15 јули поднесе оставка истиот ден кога првиот осомничен во Рекет Бојан Јовановски, е уапсен на границата со Грција, а нејзиниот активирање го услови со постигнување договор на партиите околу новиот закон за јавно обвинителство со кој се регулира продолжението на работата на СЈО и избор на нејзин наследник.


Foto: Instagram / Boki13official


Слично

Поврзани вести