Прати честитка за 8 денари, пратка до 5 килограми за 80 денари - промотивен пакет на Пошта
Пошта ги намали цените за достава на пратки до 5 килограми на 80 денари и оваа цена ќе важи од 19 декември до 15 јануари. Одлуката ја донесе Управниот одбор на А.Д. „Пошта на Северна Македонија“ на својата седница. Станува збор за промотивен пакет којвклучува и печатење на новогодишни честитки изработени исклучиво од еко хартија, кои ќе бидат со ретро дизајн. Ќе се продаваат на шалтерите на „Пошта“ а цената за поштенско испраќање на една ваква честитка ќе изнесува 9 денари. Дополнително, до крајот на оваа работна недела, јавно треба да биде објавена и продажната цена на честитките.
„Се намалуваат цените за достава на пратки од адреса до адреса со тежина до 5 килограми. Новата цена на услугата изнесува 80 денари за периодот 19.12.2020 година до 15.01.2021 година. Секое заинтересирано лице кое сака да испрати пратка од која било адреса на територија на град Скопје,тоа може да го направи со јавување на телефонскиот број 15 000. Службени лица на Пошта ја преземаат пратката/подарокот од адресата на испраќачот и ја доставуваат на наведената адреса на примачот. Во другите населени места, граѓаните можат да ги достават пратките до единиците на поштенската мрежа, а оттаму службените лица на Пошта ќе ги испорачаат до адресата на примачот, стои во соопштението.
Од Пошта велат дека на овој начин, сакаат да ги повикаат граѓаните да се приклучат, со цел заедно да се обнови традицијата на испраќање честитка или подарок по пошта!
„Но исто така, на крајот на годината, која ни го промени секојдневното функционирање, да предизвикаме радост и насмевки кај нашите блиски и сакани во земјата и низ целиот свет, повеќе од неопходни во време на пандемија предизвикана од коронавирусот, стои во објавата.
