Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пратеникот Сурија Рашиди стана директор на МЕПСО

Пратеникот Сурија Рашиди стана директор на МЕПСО

Пратеникот Сурија Рашиди од Алијанса за Албанците  е назначен за директор на операторот на системот за пренос МЕПСО На местото на Орхан Муртезани од Алтернатива.

Како дел од новиот меѓукоалиционен договор на власта, Бујаре Абази, поранешната заменичка на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, ќе биде новата директорка на „Македонски пошти“.

Рашиди е дипломиран машински инженер на Универзитетот во Приштина, а на негово место како нов пратеник во Собранието доаѓа Ремзи Мехмеди од Кичево.

Абази, актуелна советничка во Советот на Град Скопје и потпретседателка на Алијанса за Албанците, во АД Пошта  ќе го смени Васко Стефанов. 

Новите директори треба да бидат назначени од Надзорните Одбори од компаниите.


Слично

Поврзани вести