Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пратеникот Стоиљковиќ вели дека е најзаслужен што Србија ќе даде вакцини за Македонија

Пратеникот Стоиљковиќ вели дека е најзаслужен што Србија ќе даде вакцини за Македонија

Пратеникот Иван Стоиљковиќ вели дека е најзаслужен за одлуката на Србија да одобри 8.000 дози на вакцина против Ковид-19 за Македонија, бидејќи како што вели во синоќешниот „Дневник“ на Сител, лично тоа го издејствувал кај српскиот претседател Александар Вучиќ.

Лидерот на Демократската партија на Србите во Македонија вели дека за тоа бил повикан минатиот победелник од премиерот Зоран Заев за лично да му се заблагодари. Стоиљковиќ додаде и дека Србија е подготвена да отстапи уште 90.000 кинески вакцини и одредена количина Спутник, но останува на македонската влада, која е информирана  за тоа, да донесе одлука.

-Јас покренав една иницијатива кај српскиот претседател да отстапи на нашата држава еден дел од вакцините со кои располага Србија. Го информирав претседателот на владата господинот Зоран Заев, добив согласност од претседателот Вучиќ, го информирав Заев. Тој бараше гаранција дека нема да биде вратен дека сигурно ќе биде даден одреден дел на вакцини и дојде до реализација на ова што се случува во меѓувреме.  Србија излезе во пресрет на барањето на македонската влада, јас сум презадоволен што премиерот ја прифати мојата иницијатива, рече опозиционерот.

Тој сепак вели дека Владата направила пропуст со Законот, според кој треба веледрогериите да преговараат со производителите, додека пак производителите бараат преговори со државите.

- Нашата екипа сметаше дека нашиот закон е доволно добар и дека веледрогериите ќе се впуштат во тој процес и ќе набават одредена количина, меѓутоа ниту една од големите светски фармацевтски компании како Фајзер, и руските и британските не сака да договара со веледрогериите туку директно со државата. Направен е сериозен пропуст и се гледа затоа што денеска во Собранието имавме измена на Закон за лекови што укажува на тоа, смета Стоиљковиќ.


Слично

Поврзани вести