Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пратеникот Саздовски им „избега“ на Јакимовски и Груевски

Пратеникот Саздовски им „избега“ на Јакимовски и Груевски

Пратеникот Чедомир Саздовски кој беше предложен од ГРОМ на пратеничка листа на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ донел одлука да стане независен пратеник. Тоа значи дека ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција во Собранието ќе останат на 50 пратеници. 

Саздовски повеќе нема да биде дел ниту од партијата ГРОМ предводена од Стевчо Јакимовски кој пак во неделата убедливо ги загуби изборите за градоначалник за општина Карпош од Стефан Богоев од СДСМ.

Саздовски претходно беше член и на СДСМ. Тоа што сега се декларира како независен малку кажува на кој начин ќе постапува во Собранието на Република Македонија и дали ќе гласа заедно со мнозинството бидејќи никој на тоа не го обврзува.

Според првичните информации одлуката да ја напушти партијата ГРОМ и коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ ја донел поради крвавите инциденти на 27 април кога имаше упад во Собранието. 

Слично

Поврзани вести