Пратеникот Сашо Василевски од куќен притвор по долга пауза се појави во Собрание
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Сашо Василевски кој во вторникот беше пуштен да се брани од слобода со гаранција од 400 илјади евра, по долго време се појави во Собрание и тоа на денот кога е извесна можноста да се гласа за отворање на уставни измени со двотретинско мнозинство на пленарна седница.
Василевски оваа година има присуство на само една седница оваа година пред да биде приведен под обвинение за тероризам, односно за помагање во настаните од 27 април се појави во собранието.
Останува да се види како ќе се однесува Василевски, бидејќи неговата пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ можно е да не присуствува на расправата.
Василевски и Арнаудов се двајца од тројцата пратеници кои што беа пуштени од куќен притвор по изјавата на премиерот Зоран Заев дека нуди помирување за 27 април во замена пратениците да гласаат за уставните измени.
