Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пратеникот Рамчиловиќ стана амбасадор на Црна Гора, ќе го менува Даниела Стојановска - Пановска од СДСМ

Пратеникот Рамчиловиќ стана амбасадор на Црна Гора, ќе го менува Даниела Стојановска - Пановска од СДСМ

Мандатот на пратеникот Зеќир Рамчиловиќ заврши бидејќи е именуван за амбасадор во Црна Гора.

Државната изборна комисија денеска попладне се очекува да констатира дека Даниела Стојановска – Пановска треба да го замени Рамчиловиќ.

Станува збор за професорка во средно училиште, која е следна од листата на СДСМ и коалицијата во Изборната единица 3.

Според информациите од Собранието, се очекува 99. пленарна седница да продолжи по добивањето на информацијата од ДИК за новиот пратеник.

Рамчиловиќ беше еден од опозициските пратеници од претходниот парламентарен состав кои гласаа за уставните измени за Преспанскиот договор. 

Негативни реакции во јавноста предизвика и информацијата дека неговиот син и сопруга во меѓувреме се вработија во МВР.


Слично

Поврзани вести