Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пратеникот-провокатор Костадинов: Секој нормален филолог знае дека македонскиот е дијалект на бугарскиот јазик

Пратеникот-провокатор Костадинов: Секој нормален филолог знае дека македонскиот е дијалект на бугарскиот јазик

Бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, кој на отворањето на Културно-информативниот центар на Бугарија во Скопје го повтори радикалниот став дека Македонија е втора бугарска држава, на бугарската БТВ утринава изјави дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот.

„Што точно се осврнав на Македонија територијално, освен да кажам дека таму живеат луѓе кои се сметаат себеси за Бугари, кои зборуваат бугарски јазик, дека ние зборуваме ист јазик. Сега викаат македонски, но тоа не значи дека не се разбираме и дека секој нормален филолог во светот знае дека тоа е дијалект на бугарскиот јазик“, го коментираше последниот скандал во Македонија во кој беше вмешано неговото име.

Премиерот Димитар Ковачевски ја осуди изјавата на контроверзниот лидер на политичката партија „Преродба“.  Според Ковачевски, ваквите настани влеваат нетрпеливост меѓу граѓаните на двете земји. Според него, Костадинов дошол во Македонија за да добие „некои ситни политички поени“.

„Навистина е непримерно човек кој е дојден во посета на оваа земја да се однесува вака. Вчера отворивме бугарски културен центар, како што треба, со доаѓањето на министерот за култура, со нашиот министер за култура. На ист начин, како што реков, ќе отвориме и македонски културен центар во Благоевград, како што имаме во Софија“, рече Ковачевски.

За изјавата дека „Бугарија и Македонија се две земји кои треба да бидат едно“, Костадинов за bTV коментира дека тоа го сакале сите бугарски преродбеници.

Костадинов на Фејсбук претходно коментираше за неговото патување во Скопје и дека прашање на време е кога ќе има жртви во Охрид поради отворањето на клубот „Цар Борис Трети“.

„Видов траги од куршуми на ѕидовите, таблата и прозорците на клубот. Во клубот не пукале за да заплашат, туку да се убие. За среќа, нема жртви. Засега“, искоментира претходно пратеникот.


Слично

Поврзани вести