Пратеникот Мукоски изведен пред суд со лисици
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски е изведен на распит во Кривичниот суд со лисици на рацете во придружба на полициски службеници.
Мукоски е приведен во акцијата на МВР по наредба на Основното јавно обвинителство за организиран криминал корупција, кое што утринава соопшти дека отворило истрага против 36 лица за кривичното дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, за кое што е предвидена казна затвор од најмалку 10 години.
Мукоски е еден од главните осомничени за отворањето на внатрешните механизми на заштитната метална врата од Собранието по што демонстрантите и маскираните напаѓачи непречно влегоа и ги нападнаа пратениците на СДСМ и коалиционите партнери. Дел од пратениците на снимките од обезбедувањето се гледаше како им даваат насоки на напаѓачите.
