Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пратеникот Милошоски објави за каква квалификација за Гоце Делчев расправале Скопје и Софија

Пратеникот Милошоски објави за каква квалификација за Гоце Делчев расправале Скопје и Софија

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски утрово на фејсбук објави дека „дипломатски извори во МНР споделуваат дека последниот предлог на официјална Софија е дека премиерите Заев и Борисов за време на предвидената средба на 11ти ноември во Бугарија би требало да се согласат на следнава дефиниција за Гоце:

"Гоце Делчев е Македонец во регионална смисла на зборот, но во смисла на народно-етничката припадност Гоце Делчев е Бугарин роден во географската област Македонија".

(Оваа дефиниција потоа би се применила и на многу други историски личности, како Даме Груев, Никола Карев, Ѓорче Петров, Панко Брашнаров, Киро Глигоров и други)“. 

Според Милошоески, веројатно ова е една од причините „зошто премиерот Зоран Заев одбива и собраниска и политичка-лидерска дебата околу националните позиции на Македонија во однос на договорот за добрососедство со Бугарија, пред закажаната посета на Софија“.

Слично

Поврзани вести