Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пратеникот Миле Лефков ќе ја отвори канцеларијата во Кочани додека Собранието не работи втора недела по ред

Пратеникот Миле Лефков ќе ја отвори канцеларијата во Кочани додека Собранието не работи втора недела по ред

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, објави дека ќе ја отвори својата пратеничка канцеларија во Кочани, од каде што доаѓа како народен избраник, за средби со граѓани по трагедијата во дискотеката „Пулс“.
„Поддршка и конкретни чекори за подобра иднина на Кочани Канцеларија за средби со граѓаните во Кочани е отворена секој ден од 10:00 до 15:00, каде што сите ќе можат да ги споделат своите мисли, предлози и грижи.

Нашата цел е да слушнеме, да помогнеме и заеднички да работиме на решенија што ќе обезбедат безбедност, поддршка и подобри услови за сите. Секој ваш збор е важен – ве повикувам да дојдете, да зборуваме отворено и да направиме промени заедно“, објави Лефков на социјалните мрежи.
Инаку овој пратеник од владеачкото парламентарно мнозинство е често критикуван од опозицијата поради високите суми што ги добива за патните трошоци, а беше и посочен од јавноста дека не дал доволно поддршка за Кочани по трагедијата.
Собранието втора недела по ред одлучи да оди на колективен одмор по трагичниот настан во Кочани, а единствено од Левица засега објавија дека биле против оваа одлука на законодавниот дом.
„Во овие моменти, кога е повеќе од потребно, Собранието не презема одговорност да носи закони, туку втора недела по ред бега од таа своја обврска! Владејачкото мнозинство на ДПМНЕ-ЗНАМ-ВРЕДИ поддржано од СДСМ, ја покажа својата вистинска слика – кога е најважно, тие избегаа! По системски предизвиканата трагедија во Кочани, граѓаните очекуваат одговори и носење на клучни законски решенија“, реагираа денеска од Левица.
Пратеникот Сашко Јанчев на својот профил напиша дека втора недела по ред Собранието „ќе одмора“ за лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да ги избегнат пратеничките прашања што инаку беа предвидени в четврток.


Слично

Поврзани вести