Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пратеникот Ковачки: Министерката Петровска секој ден користи седативи

Пратеникот Ковачки: Министерката Петровска секој ден користи седативи

Пратеникот Драган Ковачки денеска на говорницата во Собранието на седницата за пратенички прашања рече дека поседува документ од специјалист-психијатар, според кој министерката за одбрана Славјанка Петровска секојдневно користи седативи и дискутабилно е дали може одговорно да ја извршува функцијата.

Тој го повика премиерот Димитар Ковачевски да ја распореди Петровска на функција која не е толку одговорна, бидејќи како што рече тој, Петровска манифестирала слабост и несмасност.

- На министер му се тресат рацете, има намалено внимание и концентрација, конфузија. Испраќа лица во мисии, без ниту еден ден боледување, под дејство секој ден на седативи, има непријатни мисли, мора да вложува дополнителни напори и има чувство на немоќ. Ова го пишува во документ на специјалист-психијатар, рече Ковачки од говорницата.


Слично

Поврзани вести