Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пратеникот кој гласаше во скафандер си поднесе оставка: Богдановски од ДОМ си оди од Парламентот

Пратеникот кој гласаше во скафандер си поднесе оставка: Богдановски од ДОМ си оди од Парламентот

Нема да биде пратеник туку ќе се врати како инспектор во администрацијата на град Скопје. Пратеникот на ДОМ Мирослав Богдановски вчера си поднел оставка од функцијата пратеник. За тоа се уште не ја известил претседателката на партијата Маја Морачанин која пак денеска гостуваше на Утрински брифинг на Слободна ТВ и потврди дека денеска дознала за тоа. Сепак не ја информирал Богдановски туку собраниските служби.  

„Денеска сум известена дека пратеникот Мирослав Богдановски си поднел оставка од Парламентот, и јас не сум ја видела, но имаме седница на Парламентот и веројатно ќе биде ставена да се констатира на пленарна собраниска седница, тоа е процедурата, рече Морачанин.

Таа рече дека во ДОМ се уште има внатрепартиски разлики ама дека тоа не еништо страшно. 

Инаку минатиот месец Богдановски и Ана Петровска кои до тогаш беа потпретседатели на апртијата беа разрешени од тие функции. Петровска е директорка на Државниот инспекторат за животна средина. Откако беше разрешен Богдановски продолжи да делува во рамки на коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ.

Мирослав Богдановски од ДОМ е вториот пратеник кој на клучната собраниска седница во април за усвојување на економските мерки од петтиот владин пакет се појави во скафандер што наиде на остри реакции од опозицијата во парламентот.


Слично

Поврзани вести