Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пратеникот Јаулески го запали францускиот предлог

Пратеникот Јаулески го запали францускиот предлог

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Јован Јаулески денеска во Собранието го запали францускиот предлог на говорница. 

Тој мислел првично дека ќе има реципроцитет, дека придобивки ќе имаат и Македонците во Бугарија, но предлогот не нуди такво нешто. 

„Кога го слушав Бујар Османи дека овој француски предлог има реципроцитет, наеднаш си помислив дека Македонците ќе бидат впишани во бугарскиот Устав, дека бугарската држава ќе ги почитува пресудите на ЕСЧП и ќе ја регистрира „Омо Илинден Пирин“ организацијата на Македонците во Бугарија, дека во таблите на културно-историските споменици во Пиринска Македонија ќе има македонски ознаки, дека ќе има санкции за говор на омраза кон Македонците, рехабилитација и репарација на Македонците од Пиринска Македонија кои се измачувани од комунистичкиот режим во Бугарија после 1948 година па се денес, дека ќе се отворат архивите на државната безбедност на Бугарија и дека ќе се лустираат сите агенти кои ги кршеле основните човекови права на Македонците, дека ќе се отворат школи во кои Македонците ќе можат да учат на мајчин јазик“, изјави Јаулески.

Јаулески вели дека предлогот нема никаков реципроцитет, и ова е резултат на немање црвени линии. 

Неговата колешка Дафина Стојаноска претходно го искина францускиот предлог. 

Слично

Поврзани вести