Пратеникот Илија Димовски на распит во СЈО за првата истрага на Јанева
Пратеникот Илија Димовски денеска бил на распит во специјалното јавно обвинителство, пренесоа дел од медиумите.
Димовски доаѓа од редовите на ВМРО ДПМНЕ и е дел од првата истрага „Титаник“ која ја покрена Катица Јанева.
На последниот прес за јавноста сепцијалното обвинителство информираше дека овој случај е проширен за уште 16 лица, кои се високи функционери на ВМРО ДПМНЕ.
СЈО во оваа истрага освен Димовски ги опфаќа и лидерот на партијата Никола Груевски, како и некогашниот шеф на неговиот кабинет, Мартин Протуѓер.
Слично
