Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пратеникот Ибрахим вели дека деновиве ќе има спикер и нова влада

Пратеникот Ибрахим вели дека деновиве ќе има спикер и нова влада

За неколку дена ќе има претседател на Собранието, а наскоро и нова влада, изјави денеска на прес-конференција во Собранието пратеникот Енес Ибрахим од Партијата за движење на Турците.

„Турците се оставени како во среден век. Функционерите на ВМРО-ДПМНЕ кои се исплашени од правдата, преку блокадата на Собранието се обидуваат да се амнестираат“ - вели Ибрахим. 

Тој рече дека во повеќе од еднодецениското владение на ВМРО-ДПМНЕ, деструктивната политика на оваа партија кон етничките заедници ги оштетила Турците, затоа што  не се исполнила ниту половина од оптималната бројка вработени во администрација.

Слично

Поврзани вести