Пратеникот Бранко Манојловски ги повика колегите да бидат едно и да работат за Македонија
Бранко Манојловски, пратеник од ДУИ рече дека меѓу пратениците во Собранието има голема напнатост, и побара пратениците да работат во интерес на државата.
„Јас би сакал да сум еден мост меѓу Македонците и Албанците. Еден вид на мост, разбирање меѓу вас. Јас сум по потекло Албанец, но натурализиран Албанец, сум одел во македонски школи. Дај да бидеме едно, да работиме за Македонија“ - рече Манојловски.
Пратеничката Милева Георгиева од СДСМ рече дека ВМРО-ДПМНЕ се фалат дека граделе, но не кажуваат дека краделе.
„Почнавте да не обвинувате, да не прогласувате дека сме предавници, дека поддржуваме платформа“ - вели таа.
Додаде дека повеќе пати е кажано дека веќе нема платформа, туку програма.
Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ на ова одговори дека кој е предавник ќе суди народот.
