Пратеникот Бране Петрушевски избега од синдикалецот Трендафилов?
Лидерот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, објави дека бил точно напладне да се сретне со пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, но дека тој не дошол.
Петрушевски цела недела излегуваше со прес-конференции против Трендафилов дека тој е поставен од опозициската СДСМ за да бара минимална плата од 500 евра и дека се координира со оваа партија.
Вчера Трендафилов рече дека ќеоди во Собрание да го бара Петрушевски „да договорат“ не 500,туку 550 евра минималната плата. За да не биде дека се координирале со никого, тој вчера побара зголемување на минималната плата на 550 евра.
Закажа средба со „колегата Бране“ во парламентот, каде ќе се договорат за зголемувањето на минималната плата на работниците за 12,6 отсто, а ако не, тогаш „Петрушевски ќе биде првиот пратеник од кој сме побарале оставка, затоа што зема плата од сите нас“, рече Трендафилов.
