Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пратеникот Богоевски ја достави оставката во Собрание

Пратеникот Богоевски ја достави оставката во Собрание

Уште утрово пратеникот Павле Богоевски за кој беше објавен компромитирачки телефонски разговор, до Собранието ја доставил пратеничката оставка.

Тој потврдил дека оставката ја поднел претпладнево до собраниските служби, без разлика дали на седницата која требаше веќе да започне само ќе се констатира оставката на Груевски или ќе се гласа за одземање на мандатот, како што предложи Комисијата.  Тој за напладне најави прес-конференција во Собранието.

Богоевски од опозицијата беше обвинет дека го крши етичкиот кодекс и е недостоен за вршење на пратеничката функција. Независниот пратеник, кој е дел од пратеничката група на СДСМ, по ова најави дека ќе поднесе оставка, но откако ќе гласа за одземање на мандатот на поранешниот премиер Груевски.

Слично

Поврзани вести